сабота, 27 јули 2024

Руски воени бродови на 300 километри од САД (ВИДЕО)

Група бродови на руската воена морнарица на 12 јуни пристигнува во официјална посета на Куба, соопшти кубанското министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 12 до 17 јуни 2024 година во официјална посета на пристаништето Хавана ќе доплови група бродови на воената морнарица на Руската Федерација. Групата е сочинета од четири брода“, наведе кубанското министерство.

Во соопштението се прецизира дека станува збор за фрегатата Адмирал Горшков, нуклеарната подморница Казањ, танкерот Академик Пашин, и реморкерот Николај Чикер.

„Посетата е поврзана со историските, пријателски односи на Русија и Куба и се одвива во строга согласност со меѓународните правила. Ниеден брод не носи нуклеарно оружје, така што нивниот престој во нашата земја не претставува закана за регионот“, се истакнува во соопштението.

Тоа, меѓутоа, значи дека руски воени бродови ќе се најдат на нешто помалку од 400 километри од Соединетите Американски Држави, бидејќи воздушната далечина меѓу Мајами и Хавана е 368 километри.

Воениот ресор на Русија соопшти дека за време на нивниот престој на Куба ќе биде реализирана програма која вклучува посета на командата на кубанската морнарица во Хавана, како посета на место од историско и културно значење.

„По пристигнувањето во пристаништето, од еден од бродовите ќе бидат испукани 21 плотун во знак на поздрав, на што ќе следи одговор од артилериска батерија на Револуционерните оружени сили на Куба од тврдината Сан Карлос де ла Кабања“, прецизираше руското министерство за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ