сабота, 27 јули 2024

Руски власти: Шест загинати и 35 повредени во напад на украински беспилотни летала

Во нападите на украински беспилотни летала на два автобуса кои превезуваа луѓе на работа загинаа шест лица, 35 беа повредени во рускиот регион Белгород, изјави денеска регионалниот гувернер.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека нападот се случил во близина на селото Березовка. Тој објави фотографија од автобус со скршени стакла.

Гладков изјави дека еден маж е во тешка состојба, додека другите повредени се здобиле со полесни и потешки повреди од шрапнели и се пренесени во регионалните медицински центри. Тој додаде дека две деца се полесно повредени.

Според регионалните власти, погодените возила припаѓале на локална компанија за производство на месо, која ги превезувала своите вработени.

Регионот Белгород, кој граничи со Украина, беше постојано напаѓан од украинска артилерија и беспилотни летала во текот на изминатата година. Русија изврши инвазија на Украина во 2022 година.

Киев негира дека цели на цивили и вели дека има право да ја нападне Русија, која, пак, тврди дека Западот ги игнорира украинските напади врз цивилите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ