сабота, 27 јули 2024

Руски студент осуден на 10 дена затвор поради проукраинско име на вифи-мрежата

Московскиот суд осуди студент на 10 дена затвор откако ја преименувал својата вифи-мрежа во прокиевска парола за време на воената офанзива во Украина, објави во саботата новинската агенција РИА новости.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Студентот на Московскиот државен универзитет го заменил името на мрежата од двојот вифи-рутер во Слава Украини („Слава на Украина“), борбениот извик на украинските сили.

Судот го прогласи за виновен за „јавна демонстрација на нацистичка симболика… или симболи на екстремистички организации“, соопшти РИА новости.

Се додава дека името на мрежата до властите го пријавил полицаец.

Откако почна руската офанзива во февруари 2022 година, официјалните лица издадоа илјадници затворски казни или парични казни против луѓе што јавно ја критикуваат акцијата или им даваат поддршка на украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ