вторник, 22 октомври 2024

Руски специјалци упаднале во затворот, напаѓачите се неутрализирани (ВИДЕО)

Снајперисти на Руската гарда ги елиминирале затворениците напаѓачи кои ги држеле чуварите во затворот во Волгоград како заложници, соопшти прес-службата на Руската гарда за РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно агенцијата ТАСС објави дека најмалку еден член на затворскиот персонал е убиен, а четворица се повредени во бунтот во казнената колонија број 19 во Волгоградската област. Рускиот информативен канал Меш пишува дека затворениците, кои заробиле најмалку седум стражари, се „припадници на џихадистичката група Исламска држава“.

На снимката објавена на социјалните мрежи се појавуваат најмалку двајца напаѓачи, кои извикуваат дека тие се „муџахедини на ИСИС“ и дека го зазеле затворот во областа на Волгоград.

Напаѓачите, според руските медиуми, барале хеликоптер и два милиони долари и се заканувале дека ќе ги убијат сите заложници ако некој ги следи. Според рускиот муфтија Дамир Мухетдинов бунтот бил организиран од странство „за да се дискредитира рускиот претседател Владимир Путин и настојувањето на Русија да ги зајакне сојузничките односи со муслиманските земји“, пренесува ТАСС.

Затворската служба претходно соопшти дека затворениците ги земале чуварите како заложници за време на состанок на дисциплинската комисија. Затворот е казнена колонија со строг режим која може да прими до 1.240 машки затвореници.

За инцидентот бил известен и рускиот претседател Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ