недела, 3 ноември 2024

Руски шпион уапсен во Канада

Објавено на

часот

Сподели

40-годишниот морнарички офицер Џефри Пол Дилајл е уапсен под обвинение дека пренесувал доверливи информации на канадската морнарица. Дилајл шпионирал во корист на странска држава уште од јули 2007.
„Странската држава“ за која станува збор е Русија, јавуваат канадските медиуми. „Изворите тврдат дека руското шпионирање во Канада е еднакво раширено и агресивно како и за време на Студената војна“.
Тајните информации што наводно им биле пренесувани на Русите биле врзани за движења на бродови и податоци за сојузниците на Канада.
Портпаролот на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Иванов, одбил да ги коментира известувањата.
Канадското министерство за одбрана објави дека Дилајл бил разузнавач и морнарички потпоручник. Во меѓувреме започнала акција да се дознае количеството на протечените информации.
Максималната казна за прекршување на Актот за безбедност на информации во Канада е доживотен затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ