сабота, 27 јули 2024

Руски пилоти добиле затруена торта и виски на прослава по повод 20 години од дипломирањето

Доставувач роден во Украина е обвинет за обид на труење на дипломци на руската воена воздухопловна академија за време на нивниот собир, објави вчера рускиот деловен весник Комерсант, повикувајќи се на анонимни полициски извори.

Објавено на

часот

Сподели

Околу 80 поранешни студенти на Вишата воена авијациска школа за пилоти во Армавир во јужниот руски регион Краснодар присуствувале на забавата по повод 20 години од дипломирањето.

Осомничениот Јегор Семјонов, наводно, донел торта од 20 килограми и неколку кутии со виски Џејмисон во ресторан каде се одржувал собирот, велејќи дека тоа се подароци од поранешен студент кој не можел да дојде на забавата.

Комерсант пишува дека на учесниците на собирот им била сомнителна тортата и вискито и дека подароците ги пријавиле во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), која открила траги од отров и сега се сомнева дека нејзиниот украински пандан, СБУ, го организирал обидот за атентат.

Се вели дека Семјонов е роден во градот Мелитопол во јужна Украина, кој руските сили го зазедоа на почетокот на нивната инвазија и живеел надвор од Москва во последниве години. Градскиот суд во Армавир го прогласи Семјонов за виновен за ситно хулиганство и го осуди на 15 дена затвор. Комерсант не прецизира дали казната е поврзана со наводниот обид за труење.

Семјонов би можел да се соочи со обвиненија за тероризам во врска со обидот за труење по отслужувањето на казната од 15 дена, според полициски извори. Воздухопловното училиште во Краснодар, неговите професори и поранешни студенти, одбија да коментираат за настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ