сабота, 27 јули 2024

Руски медиуми: Три беспилотни летала се движеа кон Москва во различно време, ги соборивме

Објавено на

часот

Сподели

„Според прелиминарните информации, три беспилотни летала се движеа кон Москва во различно време“, соопшти ТАСС, повикувајќи се на извор од итните служби.

Два дрона биле соборени во близина на селото Валуево, јави агенцијата РИА. Селото е на околу 30 километри југозападно од Кремљ. Едниот бил соборен во областа Калуга, која граничи со Московската област.

Друг дрон е соборен во областа на градот Кубинка, на околу 63 километри западно од Москва, пренесе РИА. Во близина на Кубинка има руска воздухопловна база. Според првичните информации, нема повредени или материјална штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ