сабота, 27 јули 2024

Руски медиуми: Товарен воз во близина на Волгоград излета од шините по „интервенција на неовластени лица“

Товарен воз излета од шините во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“, јавија утринава руските медиуми.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На станицата Котлубан, во регионот на Волгоград, вагон излета од шините по интервенција на неовластени лица“, се наведува во извештаите на агенциите Тасс и Риа Новости и весникот Известија.

Пожарот што избувна во резервоарот за гориво и во еден вагон е изгаснат, соопштено е за Риа Новости од седиштето на Министерството за вонредни состојби.

Детали за инцидентот не се објавени.

На тој дел од пругата на еден од двата колосеци повторно е воспоставен железничкиот сообраќај.

Градот Котлубан е на околу 300 километри од границата со Украина, а регионот на Волгоград беше цел на напад на украински беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ