петок, 27 декември 2024

Руски и кинески воени авиони го „испратиле“ Бајден

Објавено на

часот

Сподели

Јапонија испратила свои борбени авиони откако руски и кинески бомбардери се приближиле го нејзиниот воздушен простор и тоа во момент кога во Токио се одржувала средбата на лидерите на групата Квад, во која се Јапонија, Австралија, Индија и САД. Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши потегот на Русија и Кина го нарече провокација.

Ова е прва заедничка вежба на Кина и Русија откако Москва ја нападна Украина на 24 февруари, кажал за Ројтерс американски извор и истакнал дека се случила на крајот на четиридневната турнеја на американскиот претседател Бајден.

„Сметаме дека ова покажува дека Кина и понатаму е спремна блиско да се поврзува со Русија, вклучувајќи и низ воена соработка“, кажал за британската агенција високиот функционер на американската администрација, истакнувајќи дека таквите активности мора однапред да се испланираат.

„Кина не се оддалечува од Русија. Наместо тоа, оваа вежба покажува дека Кина е спремна да ѝ помогне на Русија во одбраната на истокот додека Русија се бори на западот“, кажал изворот.

Пекинг и Москва прогласија партнерство „без граници“ само неколку недели пред рускиот претседател Владимир Путин да го нареди нападот на руските сили на Украина, а Кина одби да го осуди потегот.

Заедничката патрола на руските и кинеските авиони над Јапонското и Источното Кинеско Море траела 13 часа и во неа учествувале руски стратегиски бомбардери Ту-95 и кинески авиони сијан Х-6, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

Авиони на јапонските и јужнокорејските воздухопловни сили ги следеле руските и кинеските летала за време на дел од вежбата.

Кинеското министерство за одбрана го потврди одржувањето на заедничката воздушна патрола над западниот Пацифик нарекувајќи ја дел од годишната воена вежба.

Во понеделникот Бајден ја разгневи Кина кажувајќи дека би бил спремен да употреби сила за одбрана на Тајван, но вчера објасни дека американската политика на „стратегиска неодреденост“ кон одметнатиот остров не е сменета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ