четврток, 26 декември 2024

Руски хакери украле кореспонденција на Мајкрософт со американската влада

Американската агенција за сајбер безбедност и инфраструктурна безбедност соопшти дека руски хакери користеле пристап до системот за е-пошта на Мајкрософт за да украдат кореспонденција од функционери на технолошкиот гигант, според објавената итна директива од американската надзорна агенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во директивата од 2 април, агенцијата предупредува дека хакерите користеле детали за автентикација на е-пошта за да упаднат во корисничкиот систем на Мајкрософт, вклучително и оној на неодреден број владини агенции.

ЦИСА одби да ги именува инволвираните агенции, Мајкрософт не одговори веднаш на барањето за коментар.

„Други агенции е можно исто така да се погодени со извлекувањето на корпоративната е-пошта на Мајкрософт“, рече ЦИСА, охрабрувајќи ги корисниците да контактираат со Мајкрософт за дополнителни детали.

Официјален претставник на ЦИСА за Си-ен-ен изјави дека сè уште нема докази дека хакерите ги користеле украдените акредитиви за успешно да упаднат во федералните компјутерски системи кои активно се користат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ