вторник, 22 октомври 2024

Руски дрон паднал на територија на НАТО

Објектот кој претходно денес влегол во воздушниот простор на Полска за време на нападот на Русија на Украина најверојатно бил дрон, соопшти портпаролот на полската војска Јацек Горишевски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полската агенција ПАП претходно пренесе дека објектот, за кој не се знаело дека е дрон, најверојатно слетал на полска територија.

„За време на масовниот напад во понеделникот на украинската територија, веројатно некој објект слетал на полска територија“, кажа оперативниот командант на оружените сили на Полска генералот Мачеј Клис.

Според него, објектот го детектирале најмалку три радарски станици, а најверојатно станува збор за дрон од иранско производство „шахед“.

Полска, членка на НАТО, се граничи со Украина и му пружа поддршка на Киев од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, пишува Ројтерс.

Во нападот се оштетени објекти низ целата земја, а одделни подрачја останале без електрична енергија, а некаде нема ни вода, соопштија украинските власти.

Руската војска соопшти дека нејзините сили утринава извеле масовен напад со високопрецизно оружје и беспилотни летала на објекти на критична енергетска инфраструктура кои обезбедувале функционирање на воено-индустрискиот комплекс на Украина.

Експлозии се слушнале во Киев, Луцк, Запорожје, Одеса, Лавов, Харков и други украински градови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ