петок, 13 декември 2024

Руски борбени бродови пристигнуваат во Хавана

Кубанските власти денес соопштија дека руски борбени бродови ќе пристигнат во Хавана следната недела, но дека четирите воени брода немаат нуклеарно оружје и дека не претставуваат закана за регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа посета е во контекст на историските пријателски односи на Куба и Руската Федерација и строго се придржува на меѓународните прописи“, се наведува во соопштението на кубанското министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека ниеден од бродовите не превезува нуклеарно оружје и дека нивното пристигнување на островот не претставува закана за регионот, пренесува Ројтерс.

Соопштението од Куба доаѓа еден ден откако американски функционер им кажа на новинарите дека Русија планира да испрати борбени пловила во карипскиот регион, вклучувајќи ги сојузниците Куба и Венецуела, за поморски воени вежби.

Тензиите меѓу САД и Русија пораснаа од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, а руската поморска активност, иако рутинска во Атлантикот, порасна поради поддршката на Вашингтон на Украина, соопштија американски функционери.

Соединетите Држави, меѓутоа, не го гледаат очекуваното пристигнување на мал број авиони и бродови како закана, но истакнаа дека американската морнарица ќе ги следи вежбите.

Се очекува руските бродови да пристигнат во пристаништето на Хавана меѓу 12 и 17 јули, се наведува во соопштението од Куба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ