сабота, 27 јули 2024

Руски бомбардер се урна на Кавказ, загина целиот екипаж

Руски бомбардер СУ-34 се урна во планините Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради техничка неисправност, при што загина екипажот, објавија во вторник руските новински агенции.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион СУ-34 на руските сили се урна за време на планиран тренинг лет“, соопшти руската државна новинска агенција РИА, цитирајќи го Министерството за одбрана.

„Авионот се урна во напуштена област. Нема штета на земјата. Екипажот загина“, се додава.

Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.

Сухој СУ-34 е руски суперсоничен ловец-бомбардер, со среден дострел, од советско потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ