сабота, 27 јули 2024

Руски авион по грешка бомбардираше село во Русија, опустошени улици и куќи (ВИДЕО)

За време на летот на воен авион над регионот Вороњеж во Русија, дошло до вонредно испуштање муниција, при што нема жртви, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Итното испуштање муниција од авионот се случи на 2 јануари околу 9 часот по локално време додека авионот на руското воено воздухопловство леташе над населбата Петропавловка во регионот Воронеж. Нема жртви“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека се оштетени шест приватни згради. Покрената е истрага за инцидентот, јавува руската државна новинска агенција Тасс.

Регионалниот гувернер Александар Гушев изјави дека жителите на неколку улици во Петропавловка се преместени во центар за привремено сместување. Надлежните ќе ја проценат штетата и ќе платат обесштетување, најави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ