„Итното испуштање муниција од авионот се случи на 2 јануари околу 9 часот по локално време додека авионот на руското воено воздухопловство леташе над населбата Петропавловка во регионот Воронеж. Нема жртви“, се вели во соопштението.
Министерството додаде дека се оштетени шест приватни згради. Покрената е истрага за инцидентот, јавува руската државна новинска агенција Тасс.
Meanwhile, a malfunctioned (?) Russian missile wipes out an entire street in the town of Petropavlovka in Russia’s Voronezh Region.
Why would anyone want and need this endless idiocy, I’ll never know. pic.twitter.com/PbgtFZsUBP— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) January 2, 2024
Регионалниот гувернер Александар Гушев изјави дека жителите на неколку улици во Петропавловка се преместени во центар за привремено сместување. Надлежните ќе ја проценат штетата и ќе платат обесштетување, најави тој.