сабота, 27 јули 2024

Руски амбасадор во Британија: Русија нема да користи нуклеарно оружје (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Градоначалникот на Буча во својата прва изјава потврди дека руските трупи си отишле, сè е чисто и мирно, градот е во нормална состојба. Ништо не се случува, нема тела на улиците“, рече Келин.

Едномесечната руска окупација на Буча и други места околу Киев резултираше со стотици мртви, а руските трупи се повлекоа на крајот на март откако не успеаја да го опколат главниот град. Москва одби да ја прифати одговорноста за злосторствата, постојано тврдејќи дека извештаите за неселективни убиства, масовни гробници, исчезнувања и грабежи се лажни.

На прашањето дали доказите се фабрикувани, Келин одговори: „Според нас, тоа е измислица. Се користи само за прекин на преговорите“.

Наведувајќи дека руската инвазија била „ограничена операција“, а не војна, Келин рече: „Можам да ве уверам дека не е наша идеја да убиваме цивили“. Тој додаде дека руската армија цели само на воената инфраструктура со цел „да ги намали украинските способности“.

Келин рече дека не верува дека Русија ќе употреби тактичко нуклеарно оружје во војната против Украина. Русија има многу строги одредби за нивна употреба, вели Келин, додавајќи дека се користат „главно кога е во опасност постоењето на државата“.

„Тоа нема никаква врска со сегашната операција“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ