понеделник, 13 мај 2024

Руската војска го нападна Миколаев со беспилотни летала

Русија денеска со борбени беспилотни летала го нападна украинскиот град Миколаев на Црното Море и во таа прилика погоди хотел и критична енергетска инфраструктура, објави гувернерот на Миколаевската област Виталиј Ким.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот прецизираше дека руските беспилотни летала „сериозно оштетиле“ хотел во Миколаев, што предизвикало пожар кој подоцна бил изгаснат. Тој објави дека нападот ја оштетил градската инфраструктура за производство на топлинска енергија, но не даде дополнителни детали. Ким додаде дека нема повредени.

Во извештајот на руската новинска агенција Риа Новости се тврди дека ударите врз Миколаев биле насочени кон бродоградилиште каде се собираат поморски беспилотни летала, како и хотел во кој биле сместени „платеници кои зборуваат англиски јазик“ кои се борат за Украина.

Руските гранатирања во саботата и во текот на ноќта раниле најмалку седум цивили низ Украина, според украинските власти.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа соборило 17 украински беспилотни летала над четири руски региони во југозападниот дел на земјата.

Три беспилотни летала наводно биле соборени во близина на складиште за нафта во Људинов, индустриски град на околу 230 километри северно од украинската граница, изјави гувернерот Владислав Шапша. Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ