недела, 12 јануари 2025

Руската војска соопшти дека заземала две локации, Украина дека три лица се ранети во напади со беспилотни летала

Руската војска денеска соопшти дека освоила две локации на фронтот во источна Украина, додека украинската страна извести дека три лица биле ранети во напади со беспилотни летала на југот на земјата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Единиците на групата Југ го зазедоа селото Јантарне во регионот Доњецк, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Јантарне се наоѓа на десетина километри југозападно од градот Курахово, украинско упориште за кое Москва тврди дека го освоила во понеделникот по неколкунеделни борби.

Во исто време, украинските сили соопштија дека синоќа собориле 60 руски беспилотни летала.

Во Херсонскиот регион три лица се ранети во напади со руски беспилотни летала.

Делови од соборените беспилотни летала оштетија неколку куќи во регионите Харков, Суми и Полтава, каде што нема повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ