сабота, 21 декември 2024

Руската војска погодила американски противвоздушни системи „патриот“ во Украина (ВИДЕО)

Руската војска соопшти дека погодила два американски системи за противвоздушна одбрана „патриот“ во Украина, а Киев потврди дека е извршен напад на тоа оружје, но ја минимизира нанесената штета.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украина има повеќе системи „патриот“ кои ѝ ги испорачаа западните сојузници во обид да се спротивстави на секојдневните руски воздушни напади.

Руската војска „погоди два системи „патриот““, соопшти руското министерство за одбрана во дневниот извештај, не прецизирајќи кога тоа се случило.

Вчера руската војска објави на Телеграм снимка од воздух за која тврди дека прикажува напад со ракета „искандер“ на систем „патриот“ во украинската област Дњепропетровск, во централно-источниот дел на земјата.

Се тврди дека тој лансер на систем „патриот’ е уништен, а дека друг е оштетен.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јури Игнат потврди денес дека е погоден таков систем во руски напад во средата во регионот Дњепропетровск.

„Непријателот само оштети неколку делови од опремата, но не ги уништи“, кажа тој и додаде дека истиот тим продолжува да спроведува задачи во регионот.

Ова е редок официјален коментар за системите „патриот“, пишува Франс прес додавајќи дека Украина ги чува во тајност речиси сите информации околу тоа оружје почнувајќи од тоа колку ги има во оружените сили на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ