сабота, 27 јули 2024

Руската војска објави дека руски ловец пресретнал германски воен авион над Балтикот

Објавено на

часот

Сподели

„На 12 април 2023 службите за контрола на рускиот воздушен простор над Балтичко Море откриле воздушна мета која се приближувала до руската граница“, се наведува во објавата на министерството за одбрана на Русија.

„Ловец Су-27 полетал и го идентификувал леталото како патролен авион П-3Ц „орајон“ на германската морнарица“, се наведува во соопштението.

„По пристигнувањето на руското летало, странскиот авион се оддалечил од руската граница и рускиот ловец безбедно се вратил во матичната база“, додава министерството. Германското летало не ја нарушило границата, се додава.

Инцидентите во кои учествуваат летала на НАТО и руски авиони зачестуваат во последните години, и пред почетокот на конфликтот во Украина.

Често се случуваат над Балтичко Море, но и над Црно Море и на други места.

Во март руското воздухопловство пресретна американски дрон рипер Ем-кју-9 над Црно Море, кој се урна во морето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ