Војската објави дека е извршен напад со прецизно оружје со долг дострел на контролен центар на украинската специјална служба СБУ, истражното биро Луч во Киев, кое ги проектира и произведува ракетните системи „нептун“.
Се истакнува дека сите цели се погодени.
Силни експлозии одекнале утринава во Киев по низата предупредувања за балистички ракети испукани од Русија во Украина.
Шефот на воената администрација на Киев Сергеј Попко јави дека според првичните информации едно лице загинало и дека руските сили гаѓале со ракети „кинжал“ и „искандер“ за време на нападот извршен утринава околу 7 часот.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм објави дека две лица биле префрлени во болница и дека парчиња од проектилите паднале во четири зони, во кои биле запалени автомобили и згради.
Украинските власти објавија денес дека се извршени ракетни напади и на градот Херсон и на југот на земјата.