сабота, 2 ноември 2024

Руската војска гаѓала фабрики за оружје во Украина

Руската војска соопшти дека синоќа гаѓала фабрики за оружје во Украина, наведувајќи дека ги погодила сите цели, додека Киев објави дека во текот на ноќта Русија испукала 40 ракети и дронови на украинска територија.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руското министерство за одбрана наведе денес дека погодило, користејќи и хиперсонични ракети „кинжал“, инсталации на украинскиот воено-индустриски комплекс, во кои се произведуваат проектили, барут и дронови.

Украинските воздухопловни сили претходно денес соопштија дека во текот на ноќта Русија лансирала десетици ракети и дронови на Украина.

„Во текот на непријателскиот воздушен напад, регистрирани се вкупно 40 направи“, наведоа украинските воздухопловни сили, и додадоа дека тие уништиле осум ракети, а дека „повеќе од 20 направи„ не ја погодиле метата, бидејќи биле свртени од траекторијата со „електронски контра мерки“.

Украина од своите сојузници бара повеќе средства за обезбедување поефикасна противвоздушна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ