понеделник, 6 јануари 2025

Руската разузнавачка служба: Западот е свесен дека Украина нема да може уште долго против Русија

На Западот забележуваат дека Киев сè помалку е способен да ѝ се спротивстави на руската војска и не исклучуваат скор крах на одбраната на оружените сили на Украина, соопшти Надворешната разузнавачка служба на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според информациите до кои дојде руската служба, западните политички елити со вознемиреност забележуваат дека опаѓа способноста на украинската војска да го издржи нападот на оружените сили на Русија“, се наведува во соопштението, кое го пренесуваат руските медиуми.

Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден настојува да го спречи крахот на украинската војска, и поради тоа Белата куќа признава дека само логистичка поддршка на Киев не е доволна за стабилизација на линијата на фронтот, се додава во соопштението.

Главниот акцент е на снабдување на Киев со сè подобро оружје, вклучувајќи ракетни системи со долг дострел, наведува руската разузнавачка служба.

Сепак, се оценува дека на Западот сфаќаат дека за Русија конфликтот е од егзистенцијална природа и дека таа нема да се повлече.

Руските разузнавачи истакнуваат дека Вашингтон од Киев побара намалување на старосната граница за мобилизација на 18 години, оценувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе ја подготвил оваа одлука и дека ќе ја донесе во блиска иднина.

Руската служба тврди дека земјите од источна Европа кои граничат со Украина се подготвуваат за прием на бегалците кои во новиот бран ќе ја напуштаат земјата.

„Овој пат бегалците нема да бегаат од заканата од Русија, туку од реалната опасност да добијат билет во една насока за фронтот“, се укажува.

„Од самиот почеток беше јасно дека одлуката на Киев да ги одбие мировните преговори ќе ги турне Украинците во машина за мелење месо, но Зеленски доследно оди кон уништување на украинскиот народ“, се оценува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ