недела, 20 октомври 2024

Руската противвоздушна одбрана уништи 42 беспилотни летала над Крим и проектил над регионот Калушка

Објавено на

часот

Сподели

Министерството прециираше дека противвоздушната одбрана уништила девет беспилотни летала, додека останатите 33 биле оневозможени со средства за електронско војување и паднале над Крим пред да стигнат до своите цели.

Градоначалникот на Севастопол, Михаил Развозаев, на Телеграм напиша дека се уништени неколку дронови над Керсон рт, кој се наоѓа на периферијата на Севастопол.

Министерството за одбрана соопшти дека соборило проектил лансиран од украинските сили над регионот Калушка, кој се граничи со московскиот регион, пренесе Ројтерс.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета, а руските аеродроми ги прекинаа летовите на неколку часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ