петок, 18 октомври 2024

Руската Надворешна разузнавачка служба: Санкциите против Вулин се нов чин на агресија на САД на Србија

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е обид на Вашингтон грубо да се вмеша во работите на независна држава и нов акт на агресијата на САД на Србија. Денес секој кој ги брани националните интереси и одбива да игра како што свири Америка автоматски е санкциониран“, се наведува во соопштението.

СВР напоменува дека незаконските санкции со кои САД се обидуваат да ги заплашат геополитичките противници „се гест на слабост и конфузија, а не на сила“.

„Слободољубивиот, верен на својата историја и традиција, српски народ на никој начин не се вклопува во смртоносниот светски поредок на американскиот претседател Џо Бајден и поради особено ја иритира Белата куќа“, наведе руската безбедносна служба.

Соопштението наведува дека американските санкции против Вулин се „доказ за квалитетот“, дека е храбар национално ориентиран политичар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ