понеделник, 6 јануари 2025

Руската ФСБ: Тинејџери подготвувале голем бомбашки напад (ВИДЕО)

Руската тајна служба за безбедност ФСБ во саботата соопшти дека спречила голем напад во Екатеринбург, град источно од Урал, при што биле приведени четворица тинејџери кои планирале да активираат бомба во толпа.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

ФСБ објави дека запленила делови за експлозивна направа од домашно производство и дека инспекторите во регионот Свердловск отвориле истрага.

Четворицата тинејџери се руски државјани родени во 2007 и 2008 година, соопшти ФСБ без да ги именува.

Тие „ги споделуваа идеите за терористичка организација која е забранета во Русија и планирале да извршат терористички чин со употреба на рачно изработена експлозивна направа“ на места каде што се наоѓаат голем број граѓани на Екатеринбург, објави агенцијата.

Освен тоа, двајцата приведени биле инволвирани и во палењето на автомобил на Министерството за внатрешни работи, што се случило на 22 декември 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ