сабота, 27 јули 2024

Руската ФСБ го обвини Британскиот совет за шпионажа

Руската безбедносна служба ФСБ го обвини Британскиот совет – британската агенција за образование и култура – дека собира воено-разузнавачки информации од украинските бегалци во врска со регионот Херсон во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението ФСБ тврди дека Британскиот совет во Велика Британија „преку организации под негова контрола“ собира информации за регионот Херсон, кој Русија делумно го окупираше.

„Утврдени се случаи дека оваа странска организација користи украински бегалци што живеат во Обединетото Кралство за да добие воени и политички разузнавачки податоци преку своите врски во регионот Херсон.

Ова наводно на руските власти им го пријавил жител на градот Нова Мајачка, кој е окупиран од руската армија.

ФСБ тврди дека врши „верификација“ на теренот и предупредува дека ќе бидат кривично гонети оние што ќе остварат „доверлива соработка со (странска) влада“, што според руските прописи е кривично дело казниво со до осум години затвор.

Британскиот совет сè уште не одговорил на прашањата на АФП во врска со обвинението на ФСБ.

Таа институција, основана во 1934 година, работи на полето на образованието и односите во културата. Таа е јавно финансирана и тврди дека е независна од британската влада.

Во 2018 година, владата во Москва ја забрани работата на Британскиот совет во Русија, откако Лондон ги обвини руските служби дека се обиделе во Велика Британија да го отрујат поранешниот руски таен агент во бегство Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ