сабота, 27 јули 2024

Руската дума ги повика Обединетите нации да го осудат НАТО бомбардирањето на Југославија

Државната дума на Русија ги повика денес Обединетите нации да ја осудат воената интервенција на НАТО против СР Југославија и да преземат мерки западниот воен сојуз да се повика на одговорност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Неказнивоста на НАТО нападите на Југославија создаде нови претпоставки за нови воени акции низ светот под паролата дека станува збор за вредностите слободата и демократијата“, се наведува во денес усвоеното барање по повод 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на СРЈ.

Во апелот упатен до ОН, меѓународните парламентарни организации и парламентите на странски држави, пратениците на Думата повикуваат и на спротивставување на „обидите за искривување на историската вистина за трагичниот настан од 1999 година“, пренесува руската агенција РИА Новости.

Претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин напиша на Телеграм дека „НАТО по налог на Вашингтон ги бомбардираше Белград и други градови во Југославија, заобиколувајќи го Советот за безбедност на ОН“ и дека „светот е должен правично да ги оцени настаните од тие години, да ги повика на одговорност и да ги осуди одговорните за уништувањето на Југославија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ