петок, 13 декември 2024

Руската армија ослабена од војната, НАТО повторно јакне, вели Меѓународниот институт за стратегиски студии

Објавено на

часот

Сподели

Објавувањето на извештајот за воениот биланс на Институтот за 2023 година денеска доаѓа речиси една година по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

За руската војска, човечките загуби во првите фази од инвазијата биле надоместувани со мобилизација, но тоа резултирало со прилив на помалку искусни војници, се подвлекува во извештајот.

Институтот забележува промена во составот на руската воена опрема: речиси половина од нејзините тенкови Т-72Б3 и Т-72Б3М и многу Т-80 се загубени, па руската армија тие загуби морала да ги надомести со постара опрема.

Според извештајот, Русија загубила шест до осум отсто од своите тактички борбени авиони, но загубите на некои типови достигнуваат од десет до 15 отсто.

Украина имала помалку борбени авиони, но претрпела пропорционално поголеми загуби од Русија, а Институтот наведува дека Киев загубил речиси половина од својот инвентар на тактички борбени авиони.

Бидејќи Украина во голема мера ги исцрпела резервите на оружје од советската ера, снабдувањето со копнено оружје од Западот носи промени и ја зголемува способноста на нејзината војска.

Се забележува дека Украина има зголемен прилив на тенкови од советската ера, испорачани од источноевропските земји, кои се вртат кон посовремена опрема.

Речиси 20 земји најавија тековно или долгорочно зголемување на трошоците за одбрана, додека НАТО, во кој веќе влезе и Финска, а сака да му се приклучи и Шведска, повторно е зајакнато.

Во исто време, модернизацијата на кинеската војска е „главна област на загриженост“ за САД, се наведува во извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ