„Ловците ќе им бидат предадени на Французите во декември. Очигледно е дека тие авиони потоа ќе одат во Украина. Наводно Москва е веќе известена за оваа точка од договорот“, напиша на Телеграм Елена Владимировна Панина.
Според јавно достапните податоци, Србија има 14 ловци МиГ-29 во активна служба, а Панина тврди дека се спрема трансфер на 36 авиони. Не е познато колку неактивни авиони МиГ-29 Србија има во складиштата.
„Малку е веројатно дека Белград има дозвола од руските власти за оваа акција“, оцени Панина.
„Сертификатот на крајниот корисник во трансакциите на оружје би требало да биде со одобрување, а не заснован на известувања. Меѓутоа, праксата покажува дека нема смисла да се почитуваат правните норми во трговијата со оружје со Русија. Ако на Западот му треба тоа оружје, веднаш ќе бидат прегазени“, продолжи таа.
„Ова не е прв пат на Киев да му биде испорачано руско оружје. Украина преку посредници добила муниција од Србија во вредност од 800 милиони евра. Се поставува прашањето на кого од „Браќата“ Русија може да му го продаде своето оружје без ризик дека подоцна со него ќе се пука на нас“, порача руската политичарка.
Тврдењата за можен трансфер на српски авиони на Киев доаѓаат за време на одржувањето на Бледскиот стратегиски форум во Словенија, на кој учествува и српскиот премиер Милош Вучевиќ.