сабота, 27 јули 2024

Руска новинарка објави снимка на која Германци зборуваат за Украина. Во тек е истрага

Германија истражува аудио снимка објавена во руски медиуми за која тврди дека е конференциска повик на високи германски воени претставници за оружје за Украина, што предизвика загриженост за можна шпионажа во Германија и повици на Русија за разјаснување, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на германското Министерство за одбрана изјави дека не може да ја потврди автентичноста на снимката, но федералната воена контраразузнавачка канцеларија го истражува случајот и ќе бидат преземени сите неопходни чекори.

Маргарита Симонјан, новинарка на руската државна телевизија и водителка на Раша тудеј, прва ја објави аудио снимката, која беше објавена и на нејзиниот канал на Телеграм.

Ројтерс ја преслуша снимката од 38 минути, но не можеше самостојно да ја потврди нејзината автентичност.

Учесниците на повикот разговараат за можна испорака на крстосувачки ракети Таурус во Киев, што канцеларот Олаф Шолц досега јавно одлучно го одбиваше.

Зборуваат и за обука на украинските војници и можни воени цели.

Шолц за време на престојот во Рим на новинарите им рече дека протекувањето на снимката е потенцијално „многу сериозно“.

„Затоа сега многу внимателно, многу интензивно и многу брзо сè се разјаснува. Тоа е и потребно“, рече тој.

Руската амбасада во Берлин не одговори на барањето за коментар испратено преку е-пошта во саботата.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи во петокот на социјалните мрежи изјави: „Бараме објаснување од Германија“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата разговараше со новинарите за „лукавите планови на Бундесверот (германските вооружени сили), кои станаа очигледни поради објавувањето на оваа аудио снимка. Тоа е еклатантно самооткривање“, рече Лавров.

Родерих Кизеветер, пратеник во германскиот парламент, за весникот Ханделсблат изјави дека верува дека извештаите се автентични.

„Русија, се разбира, покажува колку интензивно користи шпионажа и саботажа како дел од хибридната војна. За очекување е дека многу повеќе е пресретнато и протечено со цел да се влијае врз одлуките, да се дискредитираат и да се манипулираат луѓето“, изјави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ