сабота, 27 јули 2024

Русите жестоко нападнаа на истокот на Украина. Најмалку 11 загинати, од кои речиси половината се деца

Најмалку 11 лица, меѓу кои пет деца, загинаа во руското гранатирање на делот на источниот регион Доњецк кој е под контрола на Украина, соопштија украинските власти, пренесува агенцијата Дпа. Осум лица се повредени во нападите на областа Покровск, објави на Телеграм воениот гувернер на регионот Вадим Филашкин.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили ја гранатираа областа користејќи пренаменети противвоздушни ракети С-300, додаде тој. Градовите Покровск и блискиот Ривне беа погодени со ракети. Според гувернерот Филашкин, ракета погодила куќа на шестчлено семејство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сочувство до семејствата на загинатите. Спасувачките операции ќе продолжат, додека на повредените ќе ѝм биде пружена помош, додаде претседателот.

Зеленски ја обвини Русија дека повторно намерно гаѓа цивилни објекти. „Русија мора да чувствува – да чувствува секој пат – дека ниту еден од овие напади нема да заврши без последици за терористичката држава“, изјави Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ