сабота, 20 април 2024

Русите во Украина уништиле два ракетни системи „патриот“, можно е меѓу екипажите да загинале Американци (ВИДЕО)

Руските државни новински агенции јавуваат дека постои можност американски војници да загинале кога руските сили погодиле два американски ракетни системи „патриот“ во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Михаил Шеремет, претставникот на руската Дума на Крим, изјави за РИА Новости дека се погодени два американски системи „патриот“ во регионот Доњецк.

„Кога биле уништени противвоздушните системи „патриот“, веројатно е возможно да загинале и припадници на војската на САД“, кажа тој.

Потоа на социјалните мрежи се појавија информации дека не е уништен целиот систем „патриот“, вреден 400 милиони долари, туку два лансери од тој систем, од кои секој чини по 10 милиони долари.

Руските медиуми претходно пишуваа дека со „патриотите“ во Украина имале одредени технички проблеми, поради што, како што се тврди, во Украина тајно биле испратени американски воени експерти, за да ги сервисираат системите.

Меѓутоа, овие тврдења засега не се независно проверени, а официјален Вашингтон барем официјално тврди дека ниеден припадник на војската на САД нема директно да биде испратен на украинскиот фронт.

Портпаролот на Пентагон за прашањето за потенцијално убиени американски војници кратко одговори: „Јас можам да потврдам дека нема повредени војници на САД, бидејќи немаме припадници на војската директно вклучени во борбите“.

Руски и украински медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на Форбс, дека се уништени два лансери од системи „патриот“, најверојатно убивајќи ги екипажите.

Форбс наведува дека ова е првпат руските сили да погодат американски систем „патриот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ