Ова е шести ваков инцидент месецов, а втор во последните 24 часа.
Претходно во средата, како што објавија САД, руски авиони пролетале опасно блиску до американски авион со пилот и еден беспилотен авион.
Двајца американски функционери, кои побараа анонимност, потврдија дека американското беспилотно летало ЕмКју-9 рипер е оштетено во руски напад.
Прес секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека дронот бил на мисија против екстремисти на Исламската држава и дека рускотo „приближување и пукање сигнални ракети над американските беспилотни летала за време на нивните рутински мисии“ е спротивно на меѓународните правила.
Во вторникот руски авиони испукаа сигнални ракети кои го оштетија пропелерот на американски дрон, а еден ден подоцна проектилите директно го погодија дронот.
Експертите веруваат дека Русите го прават тоа за да помогнат во желбата на Иран Американците да ја напуштат Сирија, а Русија се потпира на Иран за спроведување на своите воени операции во Украина.