сабота, 27 јули 2024

Русите разговарале со Иранците по нападот

По саботните напади врз Израел, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров имаше телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

„Понатамошната ескалација на ситуацијата во регионот и новите опасни провокативни дејства може да доведат до зголемување на тензијата“, се вели во соопштението на руското МНР за разговорот.

Амбасадорката на Израел во Русија, Симона Халперин, рече дека Израел очекувал Русија да ги осуди нападите на Иран, пренесува РИА.

Викендов за прв пат во историјата Иран директно го нападна Израел од своја територија. ОН и Америка повикаа на воздржаност.

Нападот на Иран врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети заврши без посериозни последици откако повеќето од нив беа пресретнати и соборени. На состанокот на израелскиот воен кабинет било договорено што ќе се случува понатаму, но портпаролот само им рекол на новинарите дека се одобрени плановите и за напад и за одбрана на земјата, а одлуката за сѐ ќе биде донесена во следните 24 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ