петок, 26 јули 2024

Русите нападнаа трговски центар во Харков, најмалку две лица загинаа (ФОТО)

Најмалку две лица загинаа, 24 се повредени денеска во руски напад на специјализиран трговски центар за градежни производи во Харков, вториот по големина град во Украина, каде во моментот на нападот можеше да има повеќе од 200 луѓе, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Русија му зададе уште еден брутален удар на нашиот град Харков – градежен трговски центар – денес, среде бел ден“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Во моментов знаеме дека можеби имало повеќе од 200 луѓе во центарот. Сите служби се веќе на лице место за да помогнат во спасувањето на луѓето и гаснењето на пожарот“, додаде тој.

Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, најмалку две лица загинале, 24 се повредени во овој напад изведен со употреба на две воздушни наведувани бомби.

„Голем број луѓе се исчезнати, има многу повредени“, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

На сликите објавени на украинските социјални мрежи се гледа зграда од која излегува огромен облак црн чад. Според властите, гори од 10.000 до 15.000 квадратни метри магацински и продажен простор.

Зеленски уште еднаш ги повика западните сојузници да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана за Украина.

„Доколку Украина имаше доволно системи за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони, ваквите руски напади немаше да бидат можни“, додаде тој.

Градот Харков, кој пред војната имаше 1,5 милиони жители и се наоѓа во близина на руската граница во североисточна Украина, редовно е цел на руските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ