„Русија му зададе уште еден брутален удар на нашиот град Харков – градежен трговски центар – денес, среде бел ден“, напиша Зеленски на Телеграм.
„Во моментов знаеме дека можеби имало повеќе од 200 луѓе во центарот. Сите служби се веќе на лице место за да помогнат во спасувањето на луѓето и гаснењето на пожарот“, додаде тој.
Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, најмалку две лица загинале, 24 се повредени во овој напад изведен со употреба на две воздушни наведувани бомби.
„Голем број луѓе се исчезнати, има многу повредени“, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.
На сликите објавени на украинските социјални мрежи се гледа зграда од која излегува огромен облак црн чад. Според властите, гори од 10.000 до 15.000 квадратни метри магацински и продажен простор.
‼️More than 200 people could have been inside the hypermarket in #Kharkiv at the time of the Russian strike on May 25, according to city authorities.
📷: Oleh Syniehubov pic.twitter.com/KpQNaleT2n
— KyivPost (@KyivPost) May 25, 2024
Зеленски уште еднаш ги повика западните сојузници да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Доколку Украина имаше доволно системи за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони, ваквите руски напади немаше да бидат можни“, додаде тој.
Градот Харков, кој пред војната имаше 1,5 милиони жители и се наоѓа во близина на руската граница во североисточна Украина, редовно е цел на руските сили.