сабота, 27 јули 2024

Русите нападнаа 40 града во Донбас (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Окупаторите пукаа врз повеќе од 40 града во регионите Доњецк и Луганск, уништувајќи или оштетувајќи 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и училишта. Пет цивили загинаа, а 12 се ранети во гранатирањето“, се вели во соопштението на украинските Здружени оперативни сили на Фејсбук.

Минатиот месец Русија се пренасочи на преземање целосна контрола врз регионот Донбас.

Русија испрати илјадници војници во регионот, напаѓајќи од три страни во обид да ги опколи украинските сили стационирани во градовите Северодоњецк и Лисичанск.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=CzW_Z9n-Dlk autoplay:0]

Ако тие паднат, целата провинција Луганск ќе биде под руска контрола, што е клучна воена цел на Кремљ.

Гувернерот на Луганск, Сергиј Гајдај, во неделата ја обвини Русија дека го усвоила „пристапот на спалена земја“ во нејзините напори да го заземе Северен Доњецк.

Гајдај предупреди дека руските сили ги уништиле сите мостови на реката Доњец освен еден и рече дека градот е во опасност да биде отсечен.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=78REiJj1Nzk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ