сабота, 27 јули 2024

Русите истрелуваат балистички ракети: Одеса гори (ВИДЕО)

Русија со балистички ракети погоди магацин за пошта во Одеса, наводно користен од вооружените сили на Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Снимките покажуваат огромни пламени кои се издигнуваат кон небото додека одекнуваат сирени и експлозии. Пожарот бил изгаснат дури во четвртокот наутро.

Сергеј Лебедев, координаторот на таканареченото движење на отпорот Николаев, вели дека главна цел било складиштето на Нове Пошта во областа Таирево, кое го користела украинската армија.

„Гореле повеќе од 100 квадратни метри, експлозијата се слушнала на 20 километри, детонациите сè уште одекнуваат“, изјави Лебедов за РИА Новости по нападот, додавајќи дека вооружените сили на Украина доставиле муниција во магацинот непосредно пред рускиот напад.

Шефот на регионалната администрација Олег Кипер наведува дека Одеса била нападната со балистички ракети и дека најмалку 13 лица се повредени.

Нове Пошта, приватна компанија за логистика, изјави дека руска ракета го погодила одделот за складирање и сортирање и дека нема загинати или повредени вработени.

Пресретната руска ракета во понеделникот падна врз палатата на студентите на Правната академија во Одеса, при што загинаа пет лица, повеќе од 30 беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ