петок, 17 јануари 2025

Русите го ракетираа родниот град на Зеленски, загинаа четири лица

Најмалку четири лица загинаа, една образовна институција е оштетена во градот Криви Рих во јужна Украина во денешниот руски ракетен напад, изјави регионалниот гувернер.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку пет лица се ранети, тројца од нив се во тешка состојба во болница, објави на Телеграм гувернерот на Днепропетровската област Сергиј Лисак. Оштетени се две згради од пет ката, едната се запали, рече тој.

Неколку експлозии одекнаа низ градот, изјавија очевидци на социјалните мрежи, откако украинските воздухопловни сили предупредија на закана од балистичка ракета од Крим, кој е под руска окупација.

Русија, која започна инвазија на Украина пред речиси три години, веднаш не ги коментираше извештаите од Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Секој ваков терористички напад е уште еден потсетник за тоа со кого си имаме работа. Русија нема да запре сама, може да биде запрена само со заеднички притисок“, рече на Телеграм претседателот Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ