сабота, 27 јули 2024

Русите го попречуваат ГПС сигналот над дел од Европа, Естонија се закани

Естонија ја обвини Русија за кршење на меѓународните правила за воздушен сообраќај со попречување на ГПС сигналот и најави дека ќе контактира со своите партнери во НАТО и ЕУ. Вчера Финер привремено ги прекина летовите за Тарту во источна Естонија на еден месец поради пречки во ГПС сигналот, што спречи два негови авиони да слетаат.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Финската компанија не можеше да каже од каде е попречен сигналот, но претходно наиде на слични проблеми во близина на Калининград и источната граница на Финска со Русија.

„Руското блокирање на ГПС системот во естонскиот воздушен простор влијаеше на цивилниот воздушен сообраќај во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи“, објави естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна на платформата Икс, но тој не даде докази за тоа.

Кремљ и руското Министерство за одбрана не одговорија на барањата за коментар.

Министерот Цахкна рече дека Естонија ќе се обрати до НАТО и ЕУ за проблемот и дека веќе разговарал за тоа со своите колеги од Литванија, Летонија, Финска и Шведска. Германија овој месец изјави дека Русија најверојатно стои зад серијата застои во сигналот на Балтикот.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека изворот бил во Калининград, но не наведе детали за „причините поврзани со воената безбедност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ