Ткаченко објави на апликацијата за пораки Телеграм дека смртните случаи се во населбата Шевченко.
Russian ballistic missiles struck Kyiv this morning, leaving at least four dead and many injured.
Significant destruction has been reported across the city. Rescue efforts are ongoing. pic.twitter.com/jG00jkjhGE
— KyivPost (@KyivPost) January 18, 2025
Тој рече дека остатоците што паѓале од нападот го погодиле и округот Десњанск од другата страна на реката Днепар, која минува низ главниот град на Украина.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека воздушната одбрана дејствува низ градот. Тој изјави дека во населбата Шевченко се искршени прозорци, вклучително и метро-станицата, а од станбената зграда излегува чад. Водоводната линија е оштетена, екипи за поправка се испратени на местото на настанот.
Властите го укинаа предупредувањето за воздушен напад за главниот град откако тој беше на сила нешто повеќе од еден час.
Руските сили денеска го нападнаа и центарот на Запорожје, каде беа ранети две лица.
Гувернерот Иван Федоров изјави дека делумно е оштетена зграда во индустриски објект.