четврток, 12 декември 2024

Русите ги надградуваат застарените тенкови (ВИДЕО)

Вод од Петтата тенковска бригада на руската војска е опремен со надградена, „ултимативна“ верзија на тенкот Т-62, пишува Дејвид Екс за Форбс врз основа на снимка направена на фронтот во Украина. сепак, Т-62МВ од 2022 со нова оптика, дополнителен реактивен оклоп, миноловец, оклоп против дронови и радиопопречувач сè уште е Т-62. Што значи дека и понатаму има тенок оклоп и премалку сила за дополнителната тежина, како и непрецизен 115-милиметарски топ, пишува американскиот новинар.

Објавено на

часот

Сподели

Прашање е колку тие слабости се во моментов важни. На украинските сили очајно им недостасува артилерија за напад на каков било тенк, без оглед на неговата старост.

Во анализата на снимката на тенковите се наведува дека ѝ припаѓаат на Петтата тенковска бригада која чува дел од фронтот во областа Доњецк на југот на Украина. Можно е тенковите да ѝ припаѓаат на 39-тата тенковска бригада.

Основниот тенк Т-62МВ, направен во 1960-тите и надграден во 1980-тите, денес е застарен, но има стотици такви тенкови во складиштата во Русија. Најверојатно поради тоа што руските сили ги чуваат поновите тенкови за некоја посериозна војна, Кремљ во служба почна да враќа стотици најзачувани тенкови Т-62.

Дел од нив се испратени директно на фронтот без значителни надградби, додека други добиле некои ситни измени. Новиот надворешен реактивен оклоп и релативно модерниот нишан 1ПН96МТ-02 за главниот топ од тенкот прави сосема нова верзија.

Тенковите од Петтата бригада имаат и дополнителни надградби, вклучувајќи плугови за ископување мини, заштита од експлозивни дронови и радиопопречувачи, кои теоретски треба да ги блокираат радиосигналите со кои пилотите управуваат со дроновите.

Плуговите и заштитата од дронови се одговор на најсериозните закани со кои екипажите на тенковите се соочуваат секој ден.

Меѓутоа, надградбите не ги поправаат основните недостатоци на овие тенкови. Дизелскиот мотор на тенкот Т-62МВ има само 620 коњски сили. Бидејќи тој тенк со сите надградби тежи преку 45 тони, односот на силата и тежината е помалку од 14 коњски сили по тон.

Помодерниот тенк Т-90М има 26 коњски сили по тон, додека американските тенкови М1-А1 абрамс имаат 22 коњски сили по тон. Од тоа може да се заклучи колку сила му недостига на Т-62, што влијае на неговата мобилност, особено кога се обидува да се движи низ минско поле.

Проблем е и заштитата. Реактивниот оклоп може да ја удвои заштитата од некои боеви глави, но нема да ја отфрли неексплозивната пробивна артилерија. Заштитата од дронови најдобро функционира против дроновите кои ги исфрлаат гранатите. Против оние кои во себе го носат експлозивот, ваквата заштита е помалку ефикасна.

Сè додека на Украинците им недостига артилерија, стариот надграден тенк ќе го постигне она што им треба на Русите: ќе издржи оган од оружје со помал калибар, ќе пука по непријателските позиции тероризирајќи ги војниците кои немаат со што да го нападнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ