сабота, 27 јули 2024

Синегубов: Шест цивили загинаа, 16 се повредени во руското гранатирање на Харков

Гувернерот на регионот Харков во Украина, Олег Синегубов денеска соопшти дека во напад на руската армија врз тој регион загинале шест лица, 16 се повредени.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во неговото соопштение се вели дека 15 експлозии од ракети истрелани од ракетниот систем С-300 се слушнале денеска низ Харков, вториот по големина град во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот врз Харков „крајно суров“ и го повтори своето незадоволство што западните партнери не испраќаат доволно системи за противвоздушна одбрана за да ги одвратат руските напади.

Зеленски напиша на платформата Икс дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.

Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“.

Харков, кој е главен град на истоимениот регион, се наоѓа на околу 20 километри од руската граница. Руската армија зазеде неколку села во областа во последните недели, аналитичарите велат дека можеби се обидуваат да се доближат до самиот град, што би го ставило во артилериски дострел.

Во исто време, и во обид да ги растегнат веќе исцрпените украински сили, руските трупи направија пробив во северниот регион Суми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ