сабота, 27 јули 2024

Русинката која Хаг сака да ја уапси заедно со Путин: Обвинувањата се лажни

Објавено на

часот

Сподели

МКС објави дека има информации дека стотици деца биле земени од сиропиталишта и домови за деца во областите на Украина за кои Русија тврди дека има право. Некои од овие деца, според МКС, биле дадени на посвојување во Русија.

Лвова-Белова на прес-конференција во Москва рече дека секогаш се барала согласност од родителите на децата и дека комисијата секогаш постапувала во најдобар интерес на детето. Доколку има конкретни проблеми со одредени семејства, таа рече дека е подготвена да помогне во нивното решавање.

„На претседателската комесарка за правата на децата не ѝ е јасно од што конкретно се состојат обвинувањата на Меѓународниот кривичен суд и на што се засноваат. Употребата на формулацијата ‘незаконска депортација на населението (деца)’ во официјалното соопштение на МКС предизвикува конфузија“, објави нејзината комисија во посебно соопштение.

Се додава дека не е добиена никаква документација за случајот од МКС, чија јурисдикција Русија не ја признава. Според Комисијата Доњецк и Луганск, два украински региони на кои тврди дека има право и кои делумно се контролирани од Русија, побарале од Русија да прифати цивили, вклучувајќи сирачиња и деца чии родители се водат за исчезнати.

Кремљ рече дека налогот за апсење на МКС е невидено пристрасна одлука, но бесмислена во однос на Русија. Руските власти ги негираат воените злосторства во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ