Таа додаде дека привремената власт во Приштина, со поддршка од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, создаваат неподносливи услови за српското население на Косово, обидувајќи се да го избркаат, со оневозможување на партијата Српска листа да учествува на изборите.
„Обидите на колективниот Запад да ја запали ситуацијата во земјата, користејќи ги техниките на државен удар во стилот на (украински) Мајдан се очигледни“, додаде таа.
„Единствената можно реакција е да ги почитуваме зборот и духот на уставот на земјата и да го почитуваме изборот на српскиот народ кој гласаше за националните интереси на својата земја“, заклучи Захарова.