петок, 10 јануари 2025

Русија за Гренланд: Арктикот е наш интерес, внимателно ги следиме драматичните изјави на Трамп

Соединетите Американски Држави во моментов не планираат да го засилат военото присуство на Гренланд, соопшти американската амбасада во Копенхаген, откако идниот американски претседател Доналд Трамп повторно покажа интерес за преземање на арктичкиот остров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кремљ денес објави дека „многу внимателно ја следи драматичната реторика“ на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани со воена анексија на Гренланд, данската територија географски сместена на Арктикот, каде Русија ја има главната улога.

„Арктикот е подрачје на наш национален интерес, многу внимателно го следиме драматичниот развој на ситуацијата кој, за среќа, до сега остана на ниво на изјави“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека Русија сака да го задржи мирот и стабилноста во тој регион.

Трамп, кој ја презема должноста на 20 јануари, неделава изјави дека американската контрола над стратегиски важниот арктички остров е „апсолутно нужно“ и дека не исклучува употреба на воена сила или економска акција, како наметнување царини на Данска, за тоа да се оствари.

„Нема планови за зголемување на актуелното воено присуство на Соединетите Држави на Гренланд“, кажа за Ројтерс портпаролот на амбасадата. „Ќе продолжиме тесно да соработуваме со Копенхаген и Нук за да загарантираме дека сите предлози одговараат на нашите заеднички безбедносни потреби“.

Гренланд е клучен за американската војска и нејзиниот систем за рано предупредување за балистички проектили имајќи предвид дека преку островот води најкраткиот пат од Европа во Северна Америка. Американската војска е постојано присутна во воздухопловната база Питуфик на северозападот на Гренланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ