сабота, 27 јули 2024

Русија враќа четири деца во своите семејства во Украина

Русија се согласи да врати четири деца од Украина во нивните семејства, врз основа на договор со посредство на Катар, пренесува Би-би-си.

Објавено на

часот

Сподели

Најмалото дете има две години, а најстарото седумнаесет години.

Репатријацијата е дел од пилот-проектот за враќање на илјадници деца кои Русија ги однесе од територијата на Украина што ја окупираше минатата година.

Украина соопшти дека идентификувала 20.000 деца за кои тврди дека биле киднапирани од Русија. Се верува дека нивниот број е многу поголем.

Во март оваа година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го него и неговата комесарка за правата на децата Марија Лавова-Белова за незаконско депортирање на украински деца.

Русија тврди дека нејзините мотиви за тоа биле од чисто хуманитарен карактер и дека евакуирала стотици илјади украински деца за да ги заштити од опасност, а високите функционери во Москва со презир гледале на обвинението на Меѓународниот кривичен суд.

Враќањето на четирите деца ќе го тестира проектот развиен од Катар, бидејќи имал разговори со властите во Москва и Киев, изјави за новинските агенции дипломат кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на планот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ