среда, 23 октомври 2024

Русија воведе нов предмет во училиштата: децата учат за дронови и „калашников“, со цитати од Путин

Русија воведе нов предмет поврзан со военото образование.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кремљ повторно ги смени учебниците по историја и вклучи цитат од Владимир Путин што тврди дека Русија не е таа што ја почнала војната.

Русија воведе нов предмет во училиштата во кој учениците над 13 години ќе учат за борбени дронови и за воените правила, а на постарите деца ќе им се покажува како да ракуваат со калашников.

Предметот „Основи на безбедноста и одбраната на татковината“ го поддржуваат и возрасните, кои сметаат дека е важно децата да стекнат воени знаења.

„Тоа е одлично. Основното воено образование е важно. Во мое време за минута склопувавме калашников. Мислам дека тоа им треба на децата“, рекла една баба откако го однела внукот на училиште.

„Го поздравувам тоа“, додала друга баба пред училиште во Москва, пишува Скај њуз.

Со воведувањето вакви предмети и менувањето на наставната програма, Русија сака да го обликува јавното мислење за војната во Украина, поттикнувајќи став дека војната е одбрана од западната агресија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ