сабота, 27 јули 2024

Русија воведе голема промена во регрутирањето војници

Објавено на

часот

Сподели

Руските власти велат дека се мобилизирани нешто повеќе од 300 илјади војници за војната во Украина, а сега се обидуваат да привлечат доброволци. „Мораме да го усовршиме и модернизираме системот за воен повик“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на редовниот брифинг за новинари денес, на кој потсети и на проблемите со минатогодишната мобилизација.

Првичната одлука за мобилизација првпат по Втората светска војна поттикна десетици илјади военоспособни мажи да бегаат во странство, а имаше и протести во повеќе руски градови, кои брзо беа сопрени. Песков ја отфрли тезата дека плановите за дигитализација би можеле да предизвикаат нов бран паника и емиграција меѓу младите Руси кои сакаат да ја избегнат борбата во Украина.

„Овој план не е поврзан со мобилизацијата“, кажа тој и повтори дека властите не планираат да спроведат втор бран мобилизација.

Според сегашниот систем, на машките воени обврзници им се испраќаат повици на нивните адреси. Војската понекогаш има проблеми со проверката дали поканите се уредно примени и дали адресата е правилна.

Според новиот предлог, повиците би се испраќале електронски до потенцијалните регрути на личен профил на главниот владин портал и ќе се смета дека се доставени веднаш по електронската испорака. Кремљ лани вети дека ќе ги поправи грешките во почетната кампања на мобилизација поради што некои мажи кои се неподобни за мобилизација поради возраста или здравствената состојба беа повикани да се борат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ